МВР: Од почетокот на ноември до вчера 10.210 сообраќајни прекршоци, 55 лицa лишени од слобода
Како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од почетокот на ноември до вчера од вкупно 10.210 издадени платни налози.
Од нив, 2.983 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 55 лица, од кои 37 за возење под дејство на алкохол, еден поради возење во забранет правец, 11 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, шест за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, информира МВР.
Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 42 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 282 пешаци и четири возачи на електрични тротинети. Исто така санкционирани се 546 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 252 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 55 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 52 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.