МВР демантира дека Коцевски ја нарушил акцијата
Приведените полицајци потпишувале лажно документи според кои дискотеката „Пулс“ ги исполнувала условите за да добие лиценца

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги негира и ги оценува како дезинформации објавите на дел од порталите дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ја нарушил вчерашната акција за приведување на уште седум полициски службеници во врска со пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани.
Неколку портали утрово објавија вест со наслови во прашална форма – дали Коцевски ја компромитирал акцијата на МВР за апсење на седум полицајци. Според нив, додека траела акцијата на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) за апсење на полициските службеници, државниот јавен обвинител со споделувањето на оваа информацијата во телевизиско гостување можел да ја компромитира бидејќи ваквата информација споделена јавно би била аларм за полицајците кои треба да се приведат.
Според последните информации, во акцијата се уапсени шест полициски службеници, по еден се трага, а тројца веќе се во притвор, откако Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против вкупно 10 лица, поради сомнение дека со своите постапки придонеле кабарето „Пулс“ во Кочани да добие дозвола за работа, иако не ги исполнувало потребните услови за безбедност.Сите пријавени се лица кои во различни периоди имале полициски функции во СВР Штип и Кочани. Тие наводно потпишувале согласности и известувања дека локалот ги исполнува условите за заштита од пожари, јавен ред и безбедност, иако тоа не било точно.
Истражителите посочуваат дека уште во 2012 година, првопријавениот полициски службеник дал зелено светло за објектот, потпишувајќи документ дека „Пулс“ има соодветен план за заштита од пожари. Ова му овозможило на сопственикот на кабарето да добие лиценца од Министерството за економија и да почне со работа.Во наредните години, неколку други инспектори и началници од штипската и кочанската полиција продолжиле да даваат позитивни мислења и покрај тоа што постоеле пријави за нарушувања на јавниот ред во и околу објектот. Во извештаите до институциите намерно биле изоставени или биле прикриени информации за инциденти, а дел од пријавените службеници дури и не спровеле никакви проверки на терен.
Истрагата открива дека на 21 јануари 2022 година, неколкумина од пријавените, меѓу кои командирот на полициската станица во Кочани и други раководни кадри, потпишале документ со кој повторно се тврдело дека кабарето ги исполнува сите безбедносни стандарди. Тоа било клучно за продолжување на дозволата за работа, непосредно пред да се случи кобниот настан.
Петмина од новите седум осомничени полицајци биле во пензија, додека пак двајца биле во активен работен однос со Министерството за внатрешни работи, а сите се поранешни, односно на функциите биле до 2022 година. Во продолжение е соопштениеро на МВР за приведените полицајци и други осомничени:
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 став 2 од Кривичниот законик во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 2 и став 3 од Кривичниот законик против 10 лица и тоа: П.С. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место помошник началник во СВР Штип), Ј.Т. (во време на извршување на кривичното дело на работно место главен инспектор за сообраќајни работи во Одделение за полиција во СВР Штип), С.Д. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место главен инспектор за сообраќај во Одделение за полиција во СВР Штип), М.С. (во време на извршување на кривичното дело на работно место началник на одделение во СВР Штип), Љ.Т. (во време на извршување на кривичното дело на работно место началник во СВР Штип), В.П. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место главен инспектор по сообраќајни работи во Одделение за полиција во СВР Штип), Д.А. (во време на извршување на кривичното дело самостоен инспектор за јавен ред и мир во СВР Штип), А.А. (во време на извршување на кривичното дело на работно место помошник началник на СВР Штип), В.И. (во време на извршување на кривичното дело на работно место документарист во ПС ОН Кочани во СВР Штип) и А.Т. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место командир на ПС ОН Кочани).
„