Муслиманите и Евреите загрижени поради свинскиот желатин во вакцините против Ковид-19


ОАЕ – Исламските и еврејските заедници во светот се загрижени поради свинскиот желатин, што е една од состојките во вакцините. Со тоа се доведува во прашање вакцинацијата на населението против Ковид-19.

Поголемиот број вакцини содржат свински желатин што служи како стабилизатор при транспортот и складирањето.

Поради муслиманите и Евреите швајцарската компанија Новартис произведе вакцина против менингитис без свински желатин, а саудиските и малезиските компании во моментот работат на слични вакцини.

Но, Фајзер, Модерна и другите компаниите кои работат на развој на вакцина против Ковид-19 не гарантираат дека вакцините нема да содржат свински желатин.