Мудис го задржа кредитниот рејтинг на Франција, но ги влоши изгледите од „стабилни“ на „негативни“


Консултантската фирма Мудис го задржа кредитниот рејтинг на Франција, но ги ревидираше изгледите од „стабилни“ на „негативни“.

Во својот извештај за Франција, Мудис наведува дека претходната оценка за „стабилни“ финансиски тенденции е променета во „негативна“ поради политичката нестабилност и тешкотиите во намалувањето на буџетскиот дефицит на владата.

Дополнително, оценката за негативните финансиски тенденции значи дека во следното ажурирање на општиот кредитен рејтинг на Франција, веројатно ќе биде оценет „понизок рејтинг“, објавува порталот Политико.