Муцунски разговарал со американскиот заменик-државен секретар Кристофер Ландау


 
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски разговарал телефонски со заменик-државниот секретар на САД Кристофер Ландау, но од неговата објава не е јасно со каква цел и што постигнал.
 
„Денеска остварив телефонски разговор со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау.
 
Во разговорот ја потврдивме конструктивната и блиска соработка со САД, како и заедничката определба за унапредување на регионалната стабилност, економската соработка и сојузништвото во рамките на НАТО Алијансата.
 
Разменивме мислења за потенцијалот и подготвеноста за понатамошно продлабочување на економските врски, вклучително и зголемување на трговската размена и привлекување нови инвестиции.
 
Ја реафирмирав нашата силна посветеност кон унапредување на билатералните односи со САД, како и кон зајакнување на заедничките напори за безбедност, стабилност и просперитет во регионот“, напиша Муцунски на социјалните мрежи.