МТСП: Градинките на истокот се без кадар, оти не знаат да пополнуваат табели
По вчерашната прес-конференција на градоначалниците на општините Штип, Свети Николе, Карбинци и Зрновци дека детските градинки имаат проблем со недостаток на кадар и поради тоа се запишани помал број на дечиња, а до Министерството за труд и социјална политика доставени се барања за согласност за вработување на негувателки, воспитувачки и технички персонал, а одговор се уште немаат.
МИА денеска доби одговор од Министерството за труд и социјална политика во кој детално се објаснува кој од директорите доставил согласности за вработување, но и дека при нивното праќање изготвувале погрешни табели, за што вработените од Министерството неколкупати им укажувале, а дел од нив биле повикани и на обука. Во писмениот одговор од МТСП за МИА се вели дека градинката „Кокичиња“ во Општина Карбинци досега има доставено барање само за директор и дека е обезбедено доставено во градинката. Други барања за вработувања немаат доставено. Што се однесува за градинката „Бисерчиња“ во Општина Зрновци имаат добиено од Министерството за финансии негативна согласност за готвач. На 10 август имаат доставено барање за еден негувател, еден готвач и еден магационер со грешна табела. Во одговорот на Министерството за труд и социјална политика наведуваат дека мејлот им е испратен на 30 август со укажување за табелата, до денес немаат постапено.
-ЈОУДГ „Вера Циривири Трена“ – Штип: Градинката доставувала барања секогаш со грешни табели. Од наша страна секогаш им е давано укажувања.Последната грешна табела им е доставена на 20 април, за што повторно им е дадено укажување, за да конечно во јули достават комплетно барање со точна табела, и од наша страна е испратено барање до Министерството за финансии на 12 јули, за што уште немаме повратен одговор од Министерството за финансии, се вели во одговорот од Министерството за труд и социјална политика.
Што се однесува за градинката „Астибо“-Штип: Од ресорното Министерство за МИА велат дека градинката има добиено согласност за унапредување осум негуватели, четири воспитувачи и еден виш соработник секретар, како и за вработување на еден набавувач, еден градинар и еден хаусмајстор.
-На мејл на 11 август имаат доставено барање за вработување на тројца негуватели и еден воспитувач и за унапредување на еден негувател и двајца воспитувачи со грешни табели. Телефонски им беше укажано дека треба да ги искоригираат табелите, односно да достават една табела за сите барања, но до денес не е постапено. Инаку, директорката Наташа Мусева неколкупати била кај нас во МТСП, за да и помогнеме и да и укажеме, како да ги изготвуваат табелите, а дополнително на 11 мај беше учесник на обука организирана од „Правоматик“, се вели во одговорот од Министерството за труд и социјална политика.
Во одговор на Министерството за труд и социјална политика се наведува и дека ЈОУДГ „Ѕвездички“ – Чешиново-Облешево: Имаат добиено согласност за еден негувател на неопределено, еден негувател на определено до 23 јули и за еден готвач на определено до 31 декемвеи. Друго барање немаат доставено до Министерството.
-ЈОУДГ „Рахилка Гонева“ – Свети Николе: Имаат добиено согласност за еден хигиеничар, еден хаусмајстор, еден помошник готвач и еден магационер. Дополнително немаат доставено барање за согласност за друг кадар, велат за МИА во писмениот одговор од Министерството за труд и социјална политика.