Мртва жена пронајдена во охридското село Горно Коњско


Безживотно тело на женско лице вчера околу 17 часот било пронајдено во близина на охридското село Горно Коњско.

Според полициското соопштение, телото го забележал припадник на планинарска спасителна служба на Црвен крст од Охрид, на патеката што ги поврзува селото и населбата Лагадин. Случајот веднаш го пријавил до надлежните служби.

Според првичните информации потврдени од полицијата, врз телото на жената чиј идентитет се уште не е објавен, немало видливи траги на насилство.

На местото на настанот излезен е Јавен обвинител по чија наредба денеска ќе биде извршен увид., што ќе ги покаже околностите и причините за настапувањето на смртта.