Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Чаир


Дваесет и пет годишниот скопјанец С.И. е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера утрината во скопски Чаир.


Од полицијата информираат дека несреќата е регистрирана во 04.30 часот на крстосница од улиците „Џон Кенеди“ и „Благоја Паровиќ“ помеѓу мотоцикл „Хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(25) од Скопје и патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч.Ф.(54) од Скопје и патничко возило „Фолксваген Туран“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Б.Н.(31) од Скопје.

-Во незгодата, мотоциклистот С.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „СВ.Наум Охридски“, посочуваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.