Морган Фримен навлече гнев по отворањето на Мундијалот: „Тој е алчен, земал крвави пари“

Американскиот актер, режисер и наратор беше ѕвезда на свеченото отворање на Светското првенство во фудбал во Катар


ОАЕ– Во доцните 80-ти, Морган Фримен, Енди Гарсија и Елен Баркин беа ѕвездите на филмот на HBO Blood Money, за убиства поврзани со шверцери на оружје за никарагванските контраши. И додека тој доби само пофалби за таа филмска улога во криминалистичката драма на Џери Шацберг, за својот настап , синоќа, на свеченото отворање на Светското првенство во Катар, на кое беше главна ѕвезда, Морган Фримен заработи главно негативни критики и го навлече гневот на фудбалските фанови.

Иако многумина одбија да учествуваат на церемонијата на отворањето на Светското фудбалско првенство во Катар, оскаровецот Морган Фримен ја прифати понудата на водителот да се појави на церемонијата како наратор на стадионот Ал Бајт во Ал Хор.

Сите сме се ние големо племе, порача Фримен во говорот

Бројни анонимни коментатори, но и познати личности, го критикуваа Фримен дека попушта на алчноста и зема крвави пари. Светското фудбалско првенство во Катар долго време беше проследено со бројни контроверзии поради фактот што во таа пустинска земја владее шеријатскиот закон, а при изградбата на стадионот и придружната инфраструктура беа експлоатирани бројни работници, а многумина загинаа поради нехумани услови за работа.

Сето ова очигледно не му било важно на славниот актер, па во својот говор кој го нарече „The Calling“ им порача на гледачите дека „сите сме се собрале овде во едно големо племе“. Американската јавност не може да му прости што пред дванаесет години лобираше САД да бидат домаќини на Светското првенство, а сега гја свртел плочата.

Оскаровецот пред дванаесет години лобираше САД да бидат домаќини на Светското првенство

„Па, зарем Морган Фримен не се грижи за мртвите печалбари“, „Дали ги сака парите толку многу што не му е грижа кој ги плаќа“, „Многу сум разочаран што го видов неговиот омилен лик досега на отворањето церемонијата на Светското првенство“, „Не можам да верувам дека на крајот на краиштата, тој се согласи да им ја измие совеста на прекршителите на човековите права и корумпираните хомофобични клики од Светската фудбалска федерација и Катар“, „Недостигот од морал води во пеколот“, Крвните пари никому не донесоа радост и среќа“, ова е тонот на повеќето коментари за познатиот актер.

Фримен се уште не се огласил со коментар.