Морачанин не очекува денес да се постигне договор


Маја Морачанин од ДОМ денеска пред лидерската средба свикана од премиерот Димитар Ковачевски истакна дека очекува разговорите да бидат конструктивни, но не и да се постигне договор. Таа вели дека очекува конструктивна дискусија бидејќи сите партии се декларираат како проевропски, односно дека една од програмските стратешки цели им е членството во ЕУ.

Во однос на уставните измени, Морачанин вели дека не очекува денеска да се постигне договор.

„Не очекувам денес ќе се постигне договор имајќи ги во предвид најавите и изјавите на опозицијата дека тие се се уште против, односно бараат дополнителни гаранции за промена на Уставот, но добро е да разговараме заеднички затоа што тоа е најдобриот начин за вакви стратешки прашања кои што се од важност за државата и за граѓаните“, вели Морачанин.