Моника Левински ги мотивира жените да го дадат својот глас со стил, еве како денес изгледа
Активистката и писателка, која од 1995 година го носи прекарот најпознатата љубовница во светот, Моника Левински (50), денес изгледа многу поинаку отколку кога се појави веста дека има афера со американскиот претседател Бил Клинтон.
Во меѓувреме, таа целосно го трансформира својот изглед, а многумина се согласуваат дека денес изгледа подобро од кога било.
Левински стана заштитно лице на брендот Reformation, чија рекламна кампања е поддржана и од организацијата Vote.org. Целта е да се мотивираат жените да излезат на претстојните претседателски избори во Америка и да го дадат својот глас со стил.
Ова не се однесува на начинот на облекување, туку на храброста и ставот.
„Ref-жената е моќна жена, а моќната жена го користи својот глас“, рече таа во кампањата You’ve Got the Power. Иако целта на самата кампања е во преден план, интересни се и модните парчиња во кои Левински позира, а нивните цени се движат од 198 до 448 долари.
Левински го копродуцентира документарниот филм на „Ејч-би-о макс“ од 2021 година, 15 Minutes of Shame, кој истражува како културата на откажување и онлајн-срамот влијаат на луѓето како неа.
Откако наполни 50 години минатото лето, Левински се чувствува убаво во својата кожа.
„Се плашев да наполнам 49 години, бидејќи 39-та беше навистина лоша година за мене, и се борев да наполнам 40. Завршив со вистински подарок: тоа беше година на прифаќање. Можев да прифатам толку многу за себе и за мојот живот и за тоа каде сум, а тоа значеше дека доаѓањето на 50 години беше одлично“, вели таа. „Возбудена сум поради оваа нова деценија и се надевам на среќни и успешни моменти“.