Момче си ги уби болните татко, баба и дедо во Србија од сожалување


Алекса Милојевиќ (22) со ловечка пушка ги убил дедото (81), бабата (83) и таткото (60) во семејната куќа во Књажавац, Србија.

Телеграф пишува дека младиот човек рекол дека убиствата ги извршил од сочувство бидејќи дедо му бил неподвижен, а татко му и баба му тешко болни.

„Тој е уапсен и го признал делото. На полицијата ѝ рекол дека повеќе не можел да се грижи за нив“, рекол министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, пренесува Телеграф.

Осомничениот млад човек претходно не бил осудуван, а ќе следи истрага по што треба да се знаат повеќе информации.