Мојсоска: Кои институции „не виделе“ дека машини копаат на изворите во Струга?


Кои институции „не го виделе“ копањето и машините во самиот извор кој ја снабдува цела општина Струга со вода, прашува пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку социјалните мрежи. Според неа, член 100 од Законот за минерални суровини јасно  утврдува кој е одговорен за надзорот над експлоатацијата на минерални суровини.

-Од државен инспекторат при Министерство за животна средина и ПП, инспекторат во Министерство за енергетика рударство и минерални суровини  и секако како најповикани и најпартизирани – ОЈО Струга и Министерство за внатрешни работи.

Ниту обвинителите во Струга, ниту МВР “не знаеле” и “не виделе” дека машини се поставени во самите извори, во населено место и дека копаат без концесија/ со истечена концесија. Улогата на обвинителството и МВР е превентивна (а не откако ќе се случи екоцид) – ама вработувањето на клатоглавци го зема својот данок.

ОЈО Струга официјално извести дека „додека на терен собирале докази, ги затекнале машините на двете фирми кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите”. Зошто не се одземени машините од фирмите со кои се фатени во вршење кривично дело, како што предвидува член 100 од Закон за минерални суровини?!, прашува Мојсоска.