Мнучин: Хуавеј е прашање на национална безбедност, а не трговија


Министерот за финансии на САД Стивен Мнучин изјави денеска дека чекорите кои ги презема американската влада против кинеската телекомуникациска компанија „Хуавеј технолоџи“ се однесуваат на прашања од националната безбедност и немаат врска со трговијата.

– Како што цело време и зборувавме, разговорите околу Хуавеј се всушност разговори кои се однесуваат на националната безбедност и тие се одвоени од трговијата, изјави Мнучин во интервју за Си-Ен-Би-Си.

Кинеско-американските трговски преговори се влошија кон почетокот на мај, кога дојде до зголемување на американските тарифи на кинеската стока во вредност од 200 милијарди долари и забраната за американските компании да соработуваат со Хуавеј. Пекинг одговори со тарифи на 60 милијарди вредниот увоз на американска стока.