МНТ со тројна победа на „Бекстејџ“: „12“ е претстава на годината, Микиќ е актер на годината, а Џамбазов има изјава на годината


Македонскиот народен театар доби три признанија на синоќешното одбележување на 18-от роденден на телевизискиот магазин за шоубизнис „Бекстејџ“.
✨Претставата „12“ е прогласена за најдобра театарска претстава – продукција за која интересот сè уште не стивнува, со врвен режисерски потпис на Синиша Евтимов и маестрална актерска екипа. Претстава, која се вбројува помеѓу најзначајните културни настани во МНТ.
 
🌟Наградата за најдобар актер му припадна на Александар Микиќ, за врвна актерска игра и влијанието врз театарската сцена. Еден од најангажираните актери во тековниот репертоар на МНТ, Микиќ зад себе има повеќе од 60 театарски улоги на матичната сцена, 25 филмски и над 10 телевизиски остварувања.
 
 
🗣 Со автентичен и секогаш искрен глас, Игор Џамбазов ја доби наградата за изјава на годината, уште еднаш потсетувајќи дека зборот на уметникот има тежина и значење.
🏆 Овие признанија ја зацврстуваат позицијата на МНТ како институција, која создава современа културна историја и остава траен белег на сцената.