МНТ ги откажа сите изведби


Македонскиот народен театар соопшти дека ги откажува сите изведби оваа недела поради трагината несреќа што се случи во Кочани, а во која загинаа 59 лица, а 155 се повредени. 

– Поради тешката трагедија од големиот пожар, кој се случи во дискотеката во Кочани, сите изведби во Македонскиот народен театар во текот на оваа недела од 17 до 22 март 2025 година ќе бидат откажани, како знак на почит кон настраданите и нивните семејства. Да покажеме солидарност и разбирање во овие тешки моменти за нашето општество. Средствата од купените онлајн билети ќе ви бидат рефундирани системски, а билетите купени од билетарницата ќе се рефундираат на истата, секој работен ден од 12:00 часот, велат од Македонскиот народен театар.

Оттаму велат дека ги отвораат вратите за сите семејства на хоспитализираните лица кои се повредени од настанатиот пожар во Кочани. 

– Семејствата кои имаат потреба да останат во Скопје и да бидат блиску до своите најблиски, Македонскиот народен театар ќе им овозможи престој тие да бидат сместени во гримиорните и апартманите, велат од Македонскиот народен театар.