МНР: Возач на македонски туристички автобус загинал во сообраќајка во Италија, 12 патници се полесно повредени
Возач на автобус, македонски државјанин роден 1965, загинал денеска во сообраќајна несреќа во Италија, а 12 патници, исто така македонски државјани, се полесно повредени, соопшти Министерството за надворешни работи.
МНР било информирано од нашата Амбасада во Рим дека на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна несреќа во која учествувал автобус на туристичка агенција од Северна Македонија, при што, како што се наведува „на самото место починал возачот на автобусот – Р. И. (1965) додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани“.
#AscoliPiceno, #incendio in galleria a Cupra Marittima, sulla A14: proseguono da parte dei #vigilidelfuoco lo spegnimento degli ultimi focolai e lo smassamento del materiale bruciato [#4aprile 16:30] pic.twitter.com/ODPk69LzB6
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) April 4, 2024
-Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот, информираше вечерва МНР.