МНР ги повикува нашите државјани да заминат од Сирија
Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика. Исто така, апелира да се одложат сите патувања кон оваа држава.
Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија. Како и секогаш, министерството ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија +389 75 268 736 (меил адреса: [email protected] ).