Младата пијанистка Петра Митровиќ одржа концерт во „Карнеги Хол“ во Њујорк
Петра Митровиќ, 12-годишната пијанистка од Скопје во петокот одржа концерт во престижниот Карнеги Хол во во Њујорк.
Концертот на Петра во Њујорк доаѓа по освоената втора награда на реномираниот натпревар American protegе.
До сега има освојувано бројни награди, меѓу кои прва награда на Држвен натпревар, прва награда на Полихимнија, прва награда во Париз, Франција, Марбеља, Шпанија, Москва, Русија. На македонската сцена настапува како изведувач од шестгодишна возраст, а од 2021 година е стипендист на општина Центар.