МКЦ-Битола ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот во Битола со концерт на Филип Динев Трио


Младински културен центар – Битола вечерва со почеток од 22 часот ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот во Битола со концерт на Филип Динев Трио.

Филип Динев е македонски гитарист/композитор со интернационална кариера. Магистрант на ХФМТ Хамбург, автор и продуцент на 2 оригинални изданија – „Romann“ (2024) и „Szvetlo“ (2020). Париз, Будимпешта, Базел, Талин, Берлин, Хамбург, Лајпциг и Дрезден се само дел од европските градови каде Динев има концeртирано. Композиторскиот печат и виртуозноста со влијание од класична, балканска и традиционална џез музика го прават Динев еден од најавтентичните гитаристи во регионот и Европа. Покрај авторските концерти, свирел и со светски имиња, како Nils Landgren, China Moses и Teemu Viinikainen.

Со Филип Динев ќе перформираат и Андреа Мирчевска  – контрабас и Дамјан Грујо – тапани. Влезот за концертот е бесплатен.

-Овој концерт по единаесетти пат ќе ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани, информираат од МКЦ-Битола.

Настанот се организира во партнерство со Порта Џез и со финансиска поддршка од Општина Битола.