Мистериозен астероид близу Земјата се врти се побрзо, научниците не знаат зошто


Астероид кој може да мине близу Земјата почна да се однесува чудно, па научниците повикаа итен состанок.

Научниците кои ја набљудуваа променливата светлина на астероидот 3200 Phaethon заклучија дека истиот почнал да се движи сѐ побрзо околу својата оска, скратувајќи ја ротацијата за околу 4 милисекунди секоја година. Ова откритие ги изненади бидејќи обично движењето на астероидите не се менува.

Разбирањето што се случува со астероидот може да даде подобар увид во класата астероиди кои се сметаат за „потенцијално опасни“. Овој астероид моментално не претставува никаква опасност за Земјата, но со својот пречник од 5,8 километри, ако по некоја случајност удри во нашата планета, може да предизвика значителна штета.

Освен тоа, во текот на своето движење, ни се приближува доволно близу да значителната промена во орбитата од 524 дена може да предизвика одредена загриженост, пишува Science Alert.

Инаку, 3200 Phaethon е многу необичен астероид. Во текот на орбитата се приближува кон Сонцето и зад себе има опашка од прашина како кометите. Но, за разлика од кометите изгледа дека на него нема лед, па затоа експертите му го дадоа прекарот „камена комета“.

Новите податоци за астероид беа претставени на состанокот на Одделението за планетарни науки на Американското астрономско друштво.