Мистерија на гробишта во Португалија: Лешевите не се распаѓаат, туку се мумифицираат


Многу закопани тела на покојници од некоја причина не се распаѓаат, туку се мумифицираат, а со тоа почнаа да стануваат проблем на гробишта во Португалија.

Имено, локалните закони налагаат поради заштеда на простор телата по некое време да се ексхумираат и да се стават во помали гробови. Но, некои од нив не се распаѓаат, што предизвикува траума за семејствата чии сакани се откопуваат, само за повторно да бидат закопани во истиот ковчег.

Најголем проблем е тоа што никој всушност не знае што ги предизвикуваа овие случајни мумификации.

Тела кои не се распаѓаат

Португалија заради пренатрупаност на урбаните гровишта во 1960 година воведе концепт на привремени закопи. Со оглед на тоа што распаднатото тело зазема помалку простор, коските по некое време се ископуваат, се ставаат во помал ковчег и се преместуваат на помало гробно место, како ниши во гробници.

„Немаме простор во градовите за изградба на нови гробишта или надоградба на постоечките“, вели форензичкиот антрополог Ангела Силва Беса од универзитетот Коимбра.

Три години по закопот, семејството на покојникот добива известување дека наскоро неговите коски ќе бидат преместени. Но, според законот, телото не може да се премести ако не се распаднало. односно ако од покојникот не останале само коските. Затоа гробарите прво мора да го ископаат покојникот и да проверат во каква состојба е. Ако телото не е распаднато, повторно се закопува, па се откопува по две години и целиот процес се повторува.

Истражување на гробиштата во Порто, вториот најголем град во Португалија, покажа дека 55 до 64 отсто од телата меѓу 2006 и 2915 година по првата ексхумација не биле во потполност распаднати.

Пауло Кареира, сопственик на погребално претпријатие и директор на националното погребално здружение на Португалија, за Business Insider вели дека семејствата обично добро се справуваат со првата ексхумација, но дека понатамошните носат многу емоционални проблеми.

Во некои случаи телата со децении повторно се откопуват и закопуваат, додека кај други тој процес трае бесконечно затоа што покојниците се мумифицирале.

Мистерија на мумификацијата во Португалија

За разлика од египетските мумии, чии тела намерно се зачувани, во Португалија доаѓа до природна мумификација, односно телата се сушат толку брзо што се сопира процесот на распаѓање. До ваква мумификација обично доаѓа во екстремни окружувања, како што се пустини или глечери, или при интензивна жештина или студенило, па на научниците не им е јасно зошто тоа се случува на португалските гробишта.

Силва Беса и нејзините колеги истражуваа фактори кои би можеле да доведат до ваква појава. Со согласност на семејствата на покојниците, собрале примероци од закопнаите и од земјата околу нив од пет разлочни гробишта.

„Се изненадивме. Во ист дел на гробиштата имаме различни степени на распаднатост. Некои тела веќе станале костури, додека други биле во процес на распаѓање, а некои мумифицирани“, вели Силва Беса.

„Дури и во исто тело некои делови се само коски, подрачјето на карлицата во распаѓање, а рацете мумифицирани“, додава таа.

Силва Беса тестирала осум својства на тлото кои може да влијаат на разградувањето, температурата, киселоста, влагата, густината и контаминацијата со тешки метали и органски супстанци. Но, засега не открила причина за овие чудни мумификиации.

„Искрено, мислев дека ќе најдам барем една работа што ги поврзува телата со својствата на тлото. Но не најдов“, вели форензичарката. Сега има намера да утврди дали начинот на живот на покојникот има некое влијание, како тоа дали биле пушачи, или какви лекови примале додека биле живи.