Мисајловски во НАТО ја потврдил изградбата на Коридорот 8, се вклучува и Романија
Министерот за одбрана заедно со колегите од Романија, Италија, Албанија и Бугарија потпиша Анекс на Писмото на намери за хармонизирање на Коридорот 8
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Брисел, на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО заедно со колегите од Романија, Италија, Албанија и Бугарија потпиша Анекс на Писмото на намери за хармонизирање на Коридорот 8. Потпишувањето на овој документ следи по изразената намера Романија, која е многу важен дел од источното крило на НАТО, да се вклучи во изградбата на Коридорот 8, кој, како што соопштува Министерството, е „од особена важност за олеснување на воената мобилност со цел одвраќање и одбрана на источното крило на Алијансата“.
Во своето обраќање на состанокот Мисајловски потенцирал дека прагот за буџетот за одбраната ќе биде минимум 2 отсто од БДП. И дека тоа е приоритет. Македонската влада е решителна во однос на инвестициите за развој и модернизација на одбранбените капацитети и затоа веќе е предложен уџетот за 2025 година кој ќе обезбеди стабилно финансирање на проектите.
„Посветени сме на исполнување на националните и обврските кои произлегуваат од нашето членство во НАТО. Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности“, рекол министерот Мисајловски.