Мисајловски во Ѓорче Петров: Да го сочуваме македонизмот во сите нас

Играјќи на патриотски чувства, носителот на ВМРО-ДПМНЕ во „двојка“, Владо Мисајловски, денеска во Ѓорче Петров повика „да го сочуваме македонизмот во сите нас. Ова е патриотско Ѓорче. Овде постои емоција овде постои нешто што е свето. Тоа никој не смее да ни го одземе“.
Мисајловски, кој инаку живее во Ѓорче Петров, уште рече: „Дали сакате да имаме подобра иднина и нашите деца да останеме тука во Македонија во Ѓорче Петров или да имаме свиткана кичма дали треба Гоце Делчев да биде Бугарин, дали треба македонскиот јазик некој да го прекрсти. Дали треба некој повторно да си игра со овие прашања. Се надевам на разум кај сите партии. Независно кој од која партија е ние на сите ќе помогнеме. Нема да ги двоиме луѓето на наши и ваши, имаме заеднички проблеми. Но сите што погрешиле ќе си одговараат“.
Тој директно не ги спомена тврдите националистички ставови на другите партии, особено малите политички субјекти од десницата, но рече дека нема да ги коментира.