Министерство за социјална политика склучи меморандум за соработка со Фондацијата СИЗИГИЈА


Во Министерството за социјална политика демографија и млади се потпиша mеморандум за соработка помеѓу Министерство и СИЗИГИЈА Скопје – Фондација за создавање екосистеми, иновации и трансфер на знаење за личен и деловен развој.

Со Меморандумот потпишан од министерот Фатмир Лимани и Сузана Трајковска-Кочанковска од СИЗИГИЈА, Министерството изразува поддршка во активностите на фондацијата преку проектот „Црн лебед“ –  кој има за цел поддршка на  лица во ризик преку обезбедување на обуки за нивно вклучување во социјални претпријатија и креирање на  инклузивни работни места контекст на социо-економски претпријатија.

Проектот  „Црн лебед“  е финансиран од Министерството за социјална политика, здравје и заштита на потрошувачите на Република Австрија започнат на 25.01.2025 година со период на имплементација од 12 месеци.  

Истиот се реализира во соработка со Impact Hub Aвстрија и Фондацијата СИЗИГИЈА со цел охрабрување на младите жени (15-24 години) кои не се вработени, ниту во образование или обука (NEET), како и лица со попречености, преку обуки, практична работа во фирми и социјални претријатија да ги подобрат своите вештини и можностите за вработување.

Спроведувањето на активностите од проектот „Црн Лебед“ ќе се реализира во Центарот за социјални претпријатија.