Министерот за земјоделство на Ирска поднесе оставка откако ги прекрши правилата за корона вирусот


 

Ирскиот министер за земјоделство Дара Калеари денеска поднесе оставка откако учествуваше во голф-настан so што ги прекрши ограничувањата на корона вирусот на земјата, пренесува „Ајриш тајмс“.

Калеари присуствувал на 50-годишнината од здружението за голф „Оиреахтас“ претходно оваа недела во хотел. Настанот собра над 80 лица, главно политичари и сенатори. Весникот наведува дека комесарот за трговија на ЕУ, Фил Хоган, исто така присуствувал на годишнината.

Според ирските правила за корона вирус, собирите во затворен простор се ограничени на 50 лица и се однесуваат и на свадби, како и за уметнички и културни настани.

Калеари се извини во четвртокот навечер. „Сакам безрезервно да и се извинам на јавноста, од која ние баравме многу во ова тешко време. Исто така, им се извинувам и на моите владини колеги“, рече тој во твитот.

Весникот вели дека премиерот Михол Мартин бил „бесен“ од однесувањето на Калери.

Калери е министер само малку повеќе од еден месец.