Министерот Милков побарал во Брисел солидарност од ЕУ за претепаниот охриѓанец
Министер за надворешни работи за време на денешниот состанок зана Советот за надворешни работи на ЕУ ги информирал неговите европски колеги за претепувањето на охриѓанецот Христијан Пендиков. Притоа, Николај Милков, како што јавуваат бугарските медиуми, побарал од нив солидарност и однос по ова прашање, бидејќи се работело за секретар на тамошниот бугарски клуб.
Не се споменува дали европските министри покажале солидарност.
Во изјавата за Бугарското радио Милков вели дека таква точка не била на дневен ред, туку дека тоа била интервенција од негова страна.
„Имаме ескалација на тензиите и ескалација на притисокот поврзан со правата на бугарската заедница таму. Тие започнаа со усвојување на законодавна репресија врз бугарската заедница и нејзиното право на здружување, што покажа извонреден консензус меѓу владејачката партија и опозицијата врз антибугарска основа. После ова следуваше палењето на бугарскиот клуб, за што беше изречена условна казна. Потоа следеа три напади на други клубови и пукање во еден од нив. Виновниците никогаш не беа пронајдени“, рече Милков.
Истите работи се повторуваат и во официјалното соопштене на бугарското министерство за учеството на Милков на министерскиот собир.
Но Милков одби прецизно да одговори на прашањето на БНР дали Бугарија повторно ќе го искористи правото на вето во преговорите на Македонија со ЕУ, затоа што тоа било како атомско оружје, неговата моќ не треба да се користи.
„Сѐ зависи од тоа како ќе се одвиваат работите, на прво место оваа работа никогаш не е на одмет, иако правото на вето е како атомско оружје – неговата моќ не треба да се користи, туку да се застане како некаква можност, да ги натераме другите да попуштат, да преговараат, да постигнеме некаков општ консензус. Се надевам дека нема да го искористиме тоа“.