Министерот Азир Алиу пред оставка?


Фото; Б. Грданоски

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу денес попладне треба да одржи прес конференција на која, според повеќе медиуми, може да поднесе неотповиклива оставка. Причините за евентуалната оставка би биле соопштени на прес конференцијата, но неофицијално се дознава дека Алиу размислува да се повлече бидејќи му ги блокираат законите на кои тој бил фокусиран во изминатите единасесет месеци откако е министер за информатичко општество, а се однесуваат на дигитализацијата и реформите во јавната администрација.

Министерот Алиу доаѓа од редовите на партијата Алијанса за Албанците.Тубуленциите се случуваат во пресрет на изборот на новата техничка влада, кој што треба да се заокружи до полноќ на 28 јануари. Во четврток до 10 часот изутрината се најавува оставка на премиерот Димитар Ковачевски, а со тоа и на целата влада.