Минхен затвора голем дел од градот за дизелашите, на удар половина милион возила
Властите во најголемиот град Баварија постигнаа консензус и на повидок се значајни промени. Минхен сака значително да го ограничи движењето на дизелашите.
Од 1 февруари 2023 година, дизел возилата со Euro 4 стандард за емисии повеќе нема да смеат да влезат во зоната со ниски емисии во рамките на рингот Mittlerer. Доколку состојбата со загадувањето на животната средина не се подобри за брзо, забраната од 1 октомври 2023 година ќе важи и за дизел возилата со Euro 5.
Во иднина, дел од еколошката зона би требало да биде и „средниот прстен“, што претходно беше исклучено. Би требало да има и исклучоци за жителите и возилата за испорака.
Тоа би значело дека од 1 октомври 2023 година, 140.000 возила со Euro 5 дизел мотори и понизок Euro стандард од тој повеќе нема да смеат да возат во рингот и областите во него.
Од оваа мерка беа поштедени околу 30.000 погодени жители од центарот на градот и претприемачи со дозволи за паркирање или доставување стока.
Забраната за дизелашите ќе влијае и на бројни патници и посетители од приградскиот појас, кои сочинуваат голем дел од сообраќајот во градот, а станува збор за речиси половина милион возила.
Се очекува градскиот совет, во кој мнозинство имаат Зелените и СПД, да ја одобри забраната уште овој месец.