Милошоски: Резолуцијата за спорот со Бугарија ги јакне нашите позиции


Денес ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ ја поднесоа Предлог – резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции по однос на евроинтеграциите и блокадите кои што се наметнуваат.

-Оваа Предлог-резолуција е предложена со цел да помине со најширок можен консензус. Цениме дека таа ќе ги зајакне и македонските дипломатски позиции, но исто така ќе влијае и како фактор на сплотување наместо поларизација внатре во македонското општество, порача пратеникот Антонијо Милошоски.

Тој апелираше  пратениците да ја прифатат резолуцијата.

-Ги повикувам пратениците на СДСМ, ЛДП, Левица, Алијанса, ДОМ, Демократски сојуз и сите други пратеници, уште од денес можат слободно да го стават својот потпис и да се придружат на оваа Предлог-резолуција за утврдување на македонските државни позиции за евроинтеграции, за да не дозволиме блокадите и националните понижувања да ни станат предмет на преговори и „виткање на кичма“ во некој следен период.Се надевам дека пратениците и партиите кои што декларативно истакнаа дека ќе ја поддржат Предлог-резолуцијата таква каква што е, од денес па во следните неколку дена истата ќе ја потпишат и очекуваме претседателот на Собранието Џафери, во најскоро можно време истата да ја стави на пленарна седница, порача Милошоски.