Милионерот од Охрид уште не се пријавил за добивката од 1,7 милиони евра
Милионерот од Охрид уште не се пријавил за добивката од 1, 7 милиони евра која по две години е најголемата премија во Македонија. Ова беше најголемиот џек-пот во историјата на Државната лотарија на Македонија. Добитната комбинација беше составена од бројките 7, 10, 27, 31, 33, 35 и 36 и била уплатена во Охрид.
Од досегашното искуство со игри на среќа, голем број добитници на Лото, ја споделиле својата приказна која им го сменила животот, а многумина го искористиле и правото, да останат анонимни. Имало и случаи да ја подигнат добивката лично, или да испратат ополномоштено лице, а нивното име да се обелодени по месец дена, од безбедносни причини.
Со оглед на тоа дека добивката била уплатена во Охрид, јавноста се прашува дали добитникот е Охриѓанец или турист на одмор во Охрид.
Во 2022 година се зголеми и цената за уплата на лото-комбинација во земјава од 20 на 30 денари, поради што се очекува џек-потот и во иднина да достигнува повисоки суми.
Досега се постигнати вкупно 28 седумки, а за седумка се славеше во различни градови: дванаесет пати во Скопје, петпати во Битола, двапати во Кичево, двапати во Куманово и по еднаш во Свети Николе, Тетово, Неготино, Струмица, во Кавадарци и во Кочани.