Милијардерот Сергеј Брин се разведува поради Илон Маск


 

САД – Илон Маск наводно имал секс-афера со Никол Шанахан, сопругата на со-основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, кој поднел и барање за развод уште во јануари, објави „Волстри журнал“, повикувајќи се на неименувани извори.

Не е јасно колку долго траела романсата, но наводно се случила истиот месец кога Маск имал девојче со својата поранешна девојка Грајмс, и еден месец откако тајно станал татко на близнаци со поранешната извршен директорка на новата фирма за вештачка интелигенција „Неуралинк“. Маск, инаку, почнал да се гледа со сегашната девојка Наташа Басет во февруари.

Брин бара старателство над неговата двегодишна ќерка.

Тој е и седмиот најбогат човек на светот, со проценета вредност на богатството од 93 милијарди долари. А, она што следи би било еден од најскапите разводи во историјата на Силиконската долина. Шанахан бара милијарда долари од Брин.

Тој претходно беше во брак со Ен Војчицки, којшто траеше од 2007. до 2015 година. Од тој брак се родија две деца. 

Илон Маск ги отфрли наводите дека имал секс-афера со сопругата на долгогодишниот пријател, со-основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, негирајќи го писанието на „Волстрит журнал“ околу врската која наводно ставила крај на бракот на Брин и наа неговото пријателство со Маск.

„Јас и Сергеј сме пријатели и синоќа бевме на забава заедно! Никол ја видов само двапати во три години – и обата со многу други луѓе околу себе. Ништо романтично“, напиша Маск на Твитер.

Брин, дури и финансиски му помогнал на Маск за време на економската криза во 2008 година.