Microsoft: Потенцијалот на AI е толку голем, што би било глупаво да го игнорираме


Шефот за вештачка интелигенција на Microsoft, Ерик Бојд, денеска изјави дека компанијата ќе продолжи да ја забрзува својата работа на големи модели со вештачка интелигенција и покрај некои загрижености дека технологијата расте пребрзо и е премногу непредвидлива за да биде безбедна.

„Потенцијалот на оваа технологија навистина да ја зголеми човечката продуктивност, да придонесе за економскиот раст ширум светот, е толку моќен што би било глупаво да го игнорираме“, изјави за Sky News корпоративниот потпретседател на платформата за вештачка интелигенција на Microsoft.

Во 2019 година, американскиот софтверски гигант инвестираше 1 милијарда долари во стартапот за вештачка интелигенција OpenAI.