Мицкоски за спорните помилувања: Кој работи, знае и да погреши“
На денешната прес-конференција по потпишувањето на договорот од првата транша од проектот за капитални инвестиции во општините, премиерот Христијан Мицкоски за одлуката на Комисијата за помилување која вчера даде колективна оставка вели „жив човек, кој работи знае и да погреши“.
– Жив човек, кој работи знае и да погреши. Кога ќе се констатира грешката, ако се преземе одговорност, тогаш тоа е и доблесно. Јас така можам да ја коментирам одлуката на членовите на комисијата којашто се занимава со теми од областа на помилувањето. Констатирана е очигледно грешката и единственото нешто што тие го имаат како морален чин е да се повлечат, тоа и го направија. Така што очекувам тука да се затвори таа тема во јавноста, вели Мицкоски.
СДСМ пак порача дека власта очигледно мисли дека комисијата треба да жртвено јагне за да се спаси Сиљановска и нарачетелите на овие скандалозни помилувања.
„Претседателката Силљновска ги дава и одлучува за помилувањата, не Комисијата и целосната одговорноста е кај неа. За скандалозните помилувања мора да има одговорност и за Сиљановска и за нарачателите.
Во април 2023 година унгарската претседателка Каталин Новак си поднесе оставка поради скандал со помилување на едно лице. Сиљановска помилуваше и нарко бос и осудени криминалци, вмешани во шпионски афери. Нели Унгарија и Орбан се моделот кој го следи Христијан Мицкоски? Еве по примерот на Унгарија нека се одважи Сиљановска и нека понесе одговорност, нека си даде оставка“, бараат од СДСМ.