Мицкоски во РЕК „Битола“: Енергетската стабилност подразбира и стабилен економски раст

Ние имаме енергетска стабилност, а енергетската стабилност подразбира и стабилен економски раст на Македонија и на македонското стопанство, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски кој на Денот на рударите денеска беше во посета на РЕК „Битола“.
„Би сакал уште еднаш да им го честитам денот на рударите со рударскиот поздрав „Среќно“ затоа што тие се нашата инспирација и знам и убеден сум од тоа што успеав да го видам дека мотивот не изостанува, желбата е тука присутна и сигурен сум за уште подобри резултати во месеците и годините коишто следат за македонскиот енергетски систем, за рударството, но и за македонската економија“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека ја користи оваа прилика на рударите да им го честита Денот на рударите, посакувајќи им уште многу успеси бидејќи, како што нагласи, благодарение на нивната пожртвувана работа, макотрпна работа, секојдневна енергија којашто секојдневно ја вложуваат овде во РЕК „Битола“.
Одговарајќи на новинарско прашање за состојбите во рударско енергетскиот комбинат и за обвинувањата на опозицијата за партиски вработувања, непотизам за недостиг на јаглен на депонијата и за ангажирањето на исти добавувачи кои претходно беа обвинувани од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека не знае кои се компаниите соработници на АД ЕСМ и на РЕК „Битола“.
„Но за конкретните случаи знам дека за отприлика 20- 25 проценти се пониски цените кои што се сега од истите добавувачи во споредба со периодот кога коалицијата СДСМ и ДУИ управуваше со комбинатот ии со Владата“, рече Мицкоски додавајќи дека вистинскот прашање е каде оделе тие пари и напоменувајќи дека за тоа се водат предистражни постапки од страна на Обвинителствот и МВР.
Тој рече дека новото раководство на комбинатот „жестоко“ се пуштило во консолидирање на работата на комбинатот.