Мицкоски со највисоки почести го пречека српскиот премиер Вучевиќ
Премиерот Христијан Мицкоски денес со највисоки почести го пречека српскиот премиер Милош Вучевиќ. Ниту еден министер од коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ не се појави на пречекот на српскиот премиер , а не беше присутен ниту вицепремиерот Изет Меџити.
По средбата на делегациите предвидена е заедничка прес конференција на која ќе се обратат двата премиери.
Посетата на српскиот премиер е трета посета на висок државник на Македонија откако стартуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ, по таа на Албин Курти, која сепак беше инцидентна, и на Виктор Орбан.
Од западните политичари единствени кои ја посетија Македонија во овој период беа италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, кој беше испровоциран од најавите за прекинување на Коридорот 8 и министерката за Европа од Германија, Ана Лирман, за чија посета немаше ни најава ни прес конференција, што е јасна демонстрација каква надворешна политика ќе води Владата.