Мицкоски сфатил дека ни треба обединување, но само околу ВМРО-ДПМНЕ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „Што не е јасно„ која се емитува на Алфа телевизија истакна дека народот во Македонија страда од поделби.
„Народот во Македонија е уморен од политичарите и од ниските страсти во политиката и продолжува да се дели, а тоа не е добро“, рече Мицкоски.
Тој порача дека во овие тешки времиња, кога се сочуваме со економска и национална криза, потребно е обединување околу ВМРО-ДПМНЕ за да може да и тргне на Македонија.
„Нас ни треба во овие тешки времиња на сериозна економска криза, на сериозна национална криза, на сериозна криза која што веќе подолго време владее да се обединиме, а не да продолжиме да се делиме. Тоа го зборувавме на прес конференцијата, дека од поделби ние страдаме иако јас длабоко ценам дека треба од сето ова да извлечеме поука и да се обединиме околу политичкиот субјект ВМРО-ДПМНЕ, како никогаш досега, за да може на државата да и тргне, да може на Македонија да и тргне“, порача Мицкоски.