Мицкоски се сретна со Кошта во Минхен


 

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на Минхенската безбедносна конференција се сретна со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. Како што самиот објави на Фејсбук, Мицкоски истакнал дека Македонија останува посветена на европскиот пат и реформите, но оти заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања.

„Разговаравме отворено и искрено за европската перспектива на Македонија, за реформите кои ги спроведуваме и за предизвиците што стојат на патот кон полноправно членство во Европската унија. Јасно ја пренесов нашата позиција Македонија останува посветена на европскиот пат. Но, исто така, Македонија заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања“, рекол Мицкоски на средбата.

Тој нагласил дека Владата работи на суштински реформи: владеење на правото, борба против корупцијата, економска стабилност и подобар животен стандард за граѓаните.