Мицкоски од Минхен: На Македонија и треба превидлива европска иднина
Премиерот Христијан Мицкоски кој учествува на Минхенската безбедносна конференција преку објава на Фејсбук соопшти дека учествувал на тркалезна маса за проширувањето на Европската унија.
-Денес на Минхеската безбедносна конференција учествував на тркалезната маса “Отворена врата или отворен крај?- Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ” каде што јасно ги претставив нашите позиции за проширувањето на ЕУ.
Пораката е едноставна: на Македонија и на регионот не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина. Време е реформите и трудот на нашите граѓани да бидат соодветно вреднувани – објави премиерот Мицкоски.
Ваквиот став на македонската влада, премиерот Мицкоски го соопшти пред еврокомесарката за проширување Марта Кос.