Мицкоски оцени дека Пендаровски бил „срам за функцијата и партиски полтрон“


 

Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во собраниската сала го слушаа годишното обраќање на претседателот на државата, нивниот лидер од општина Аеродром го нарече Стево Пендаровски „срам за функцијата“.

„Стево Пендаровски изминатиов период се однесува како аналитичар без да презема конкретни чекори. Често ќе го видите во јавност како ќе се залета па кога ќе добие по чело ќе ретерира 2-3 чекори назад, затоа што не му е важно дали ќе биде допадлив за народот, туку дали ќе биде допадлив за владата на ДУИ и СДСМ од која очекува поддршка за следен мандат“, рече Христијан Мицкоски.

Мицкоски истакна дека ќе го видите како на моменти ќе направи чекор напред и откако ќе добие по чело се враќа наназад, но никаде нема да видите дека се прави нешто за да се гарантира безбедноста во Македонија.

„Државата тоне во инфлација, криминал и корупција, здравството е катастрофа, учениците немаат учебници, дојави на бомби секој ден, а тој се иззема од одговорност иако има цела агенција за разузнавање под негова ингеренција. Стево Пендаровски е срам за функцијата која ја врши и тој е  ништо повеќе од партиски полтрон на позицијата претседател на Македонија“.