Мицкоски не оди во Крушево за 2 Август, ќе биде во Скопје


Од прес службата на Влада информира дека по повод чествувањето на големиот празник 2 Август – Ден на Републиката – Илинден, Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе положи свежо цвеќе на следните локации во Скопје:

Тој ќе положи цвеќе на споменикот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев; на споменикот на АСНОМ (парк Жена Борец) и а споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто (плоштад Македонија).

По завршувањето на официјалниот дел од положувањето свежо цвеќе, претседателот на Владата ќе даде изјава за медиуми.