Мицкоски на работна средба со првиот човек на Стопанска комора на Дубаи

Работна средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Мохамед Али Рашед Лута, претседател и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи денеска ќе се одржи во Свечената сала во Владата. На средбата ќе присуствуваат и членови на кабинетот на Мицкоски, како и претставници од стопанските комори во земјава.
Предвидено е во отворениот дел за јавноста, свое обраќање ќе имаат премиерот Мицкоски и претседателот и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи, Мохамед Али Рашед Лута.