Мицкоски ќе го ревидира изборот на Абази ако дојде на власт


 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски, оцени дека изборот на новиот шеф на јавното обвинителство е  уште еден партиско политички договор во власта и најави дека  веднаш пое промените овој процес ќе биде ревидиран од страна на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат ослободени  обвинителството и судството од партиско политички договори и стеги.

„Јавна тајна е дека тоа претставува уште еден партиско-политички договор во власта. Исто така јавна тајна е дека таму имало две струи, едните за едниот, другите за другиот, па победил овој и така продолжува партизацијата. Затоа во следната анкета нема да биде довербата во судството и обвинителството 8 проценти туку ќе биде еден, два или три проценти. Претпоставувам тоа се овие неколку фамилии кои што се денеска во власта, од ДУИ и од СДСМ. Тажно е што се продолжува со партизирање на институциите што треба да бидат носители на правдата. Веднаш по  промените овој процес ќе биде ревидиран од страна на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат ослободени и обвинителството и судството од партиско -политички договори и партиско политички стеги“, тврди Мицкоски.