Мицкоски ќе го разрешува судијата што го осуди пратеникот Петрушевски


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  запрашан за пратеникот Бране Петрушевски, кој беше осуден за изречен став на собраниска говорница, потенцираше дека судијата кој ја изрекол оваа казна е добар пријател со пратеникот кој што се чувствува навреден.

-Да, станува збор за пратеникот Бране Петрушевски, многу едноставна работа, неговиот колега кој што се чувствува дека бил навреден е добар пријател со тој судија кој што ја изрекува оваа казна и, претпоставувам,  тој наредува, овој испорачува без притоа да се води сметка за Уставот, за имунитетот, пресудите во Стразбур од Судот за човекови права и така натаму, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски во врска со случајот со пратеникот Петрушевски порача дека ВМРО-ДПМНЕ оваа работа ќе ја истера до крај односно се додека овој судија не биде разрешен.

-Како ВМРО-ДПМНЕ овој процес ќе го истераме до крај, се додека овој нестручен судија не биде разрешен. Зошто ова го кажувам? Затоа што ако тој носи ваква нестручна, антиуставна и антимеѓународно- правна пресуда тогаш можете да замислете уште колку нарачки може да добие по нечија наредба и колку нарачки може тој да досуди, додаде Мицкоски.