Мицкоски и Ахмети разменуваа вицови, Таравари “дијагноза“
Да го пробаме хуморот, да видиме како ќе излезе, изјави лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети откако денеска премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите, коментирајќи го барањето на ДУИ за ветинг на сите функционери, рече дека очекувал ваквиот тип на хумор и сатира да завршат со заминувањето на ДУИ во опозиција.
Ахмети рече дека законот за ветинг е предложен пред четири години и повика ветингот да се случи со учество на претставници од Брисел и Вашингтон.
– Да видиме како ќе пројде хуморот. Јас не правам холивудски филмови и не сум холивудски сценарист. Нека повели, сите ќе ги правиме, изјави Ахмети при посетата на Државниот универзитет во Тетово. Освен ветинг, Ахмети бара да се истражува и приватизацијата во 90-те години.
Премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на поликлиниката „Идадија“ рече дека сметал оти со одењето на ДУИ во опозиција таков тип на сатира и хумор завршил.
– Во ред е, ќе слушаме во периодот што следи ваков тип на хумор и сатира, па ќе видиме до каде ќе стигнат како политичка партија, рече Мицкоски.
Ахмети полека се навикнува да биде во опозиција, се надевам дека ќе се навикне уште подобро, само треба адаптација, ништо друго“, изјави Таравари, како одговор на новинарско прашање за повикот на лидерот на ДУИ „коалицијата Вреди да излезе од владата за да му покаже на премиерот Христијан Мицкоски каде му е патот“.
Министерот Таравари и премиерот Христијан Мицкоски присуствуваа на промоција на новиот апарат за магнетна резонанца во поликлиниката „Идадија“ .
– Полека, но сигурно, се навикнува да биде во опозиција. Жалам што Али ги споредува својата партија и членовите со гума за спасување, очекував поголема креативност – додаде Мицкоски.
Тој сепак изрази надеж дека партијата ДУИ ќе се реформира и ќе има подобар пристап, наместо досегашните „крадење и пакости кои ѝ биле главен приоритет на партијата“.
Премиерот изјави дека Европскиот фронт не успеа во првичните обиди за дестабилизација, па сега преминува на помека реторика, односно на граѓански протести. Мицкоски потенцираше дека сепак секој има право на граѓански протест и дека тоа е убавината на демократијата.
– Ако протестите преминат во насилство, тогаш мораме да ги одбраниме институциите – потенцираше тој.