Кривичниот законик влегува во финиш, најавува Шасивари


 

Министерот за правда Јетон Шасивари изјави денес дека новиот Кривичен законик се подготвува, дека вчера била одржана средба на работната група и дека очекува во првата недела од октомври да биде испратен за мислење, без да прецизира каде, но најверојатно во европските институции.  Шасивари не даде други детали за законот што го чека со нетрпение Брисел и за кој краен рок да биде испорачан, ако сакаме пари, е до декември. 

Досега имаше неколку обиди да се смени Кривичниот законик, но секогаш тоа беше на штета на правдата, а во интерес на високата корупција, поради што ЕУ го стави меѓу приоритетните закони што треба да ги испорача Македонија. 

Шасивари најави исто така дека се работи и на Изборниот законик , но за него планира средба со преставниците на сите политички партии бидејќи мора да се донесе со консензус. Барањето консензус за овој закон трае со години бидејќи тие што треба да го менуваат имаат интерес од асегашното статус кво, освен левица која покрена судска постапка поради нерамноправниот третман во рекламирањето и во распределбата на сретствата поточно – поради скандалозниот потег првпат во историјата на Македонија една партија да биде целосно дискриминирана на изборите, а Уставниот суд и сите други надлежни институции креваа раменици, бидејќи тоа било законски според актуелната регулатива.