Мицкоски би го тргнал „20 отсто“ од Уставот


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема да се противи на барањата да се тргне принципот на 20 отсто застапеност за проширување на јазичните права на малцинствата.  

Навистина жалам што се уште има политички лидери во 21-от век кои зборуваат низ призмата на проценти и квоти. Јас одбивам да зборам за проценти и квоти, а сакам да зборувам за квалитет, вештини знаења, бидејќи тоа е она кое што нас денеска може да не движи напред.

Процентите и квотите мислам дека се потрошија и нема потреба да ги навредуваме не мнозинските заедници во Република Македонија со тоа што ќе бидат дел од процентите и квотите. Јас сум убеден дека голем дел од тие луѓе кои се припадници на немнозинските заедници во Македонија одбиваат и не сакаат да бидат дел од квоти и проценти, туку сакаат да напредуваат затоа што имаат вештини, знаења и компетенции.

Ги охрабрувам дел од политичките лидери во Македонија да го напуштат 20-от век и некои минати времиња и да се концентрираат на 21-от век. Век во кои ние треба да се стремиме напред, да зборуваме за вештачка интелигенција и да ја градиме државата затоа што ако продолжиме да зборуваме за проценти и квоти, балансери, бадентер и сличнон, следниот попис се плашам дека ќе биде 200-300 илјади граѓани помалку и Македонија ќе стане држава на неколку богати семејства, но за жал ќе биде празна“, рече Мицкоски.