Мицкоски бара дебата со Заев за преговорите со Бугарија


ВМРО-ДПМНЕ бара од премиерот Зоран Заев да прифати дебата со лидерот Христијан Мицкоски за тоа што преговара со Бугарија,како што велат, далеку од очите на јавноста.

-Заев пред само неколку месеци за бугарски медиуми кажуваше дека Македонците и Бугарите се ист народ и дека зборуваат ист јазик.Зоран Заев сам ги урна македонските позиции, прифаќајќи ги тезите на најголемите бугарски екстремисти, кои никој политичар во Бугарија не мислел дека постои човек од Македонија кој може тоа да го прифати.Зоран Заев излезе и кажа дека Бугарија во Втората светска војна не била окупатор, туку администратор. Заев излегува свесно во јавноста со овие негаторски тези за Македонија, тврдат од опозицијата повикувајќи го премиерот  да излезе јавно на дебата Мицкоски и да каже што како и со кого договара во врска со нашата историја и јазик со Бугарија.

ВМРО-ДПМНЕ вака драматизираше и пред изборите во Бугарија кога на сите им беше јасно дека преговорите со ништо нема да резултираат и дека да попушташе актуелната влада толку колку што тврдат досега ќе имаше договор со Софија.