Метеоролози: 2023 година може да биде најтопла во историјата


Фото: Б. Грданоски

Метеоролозите од британскиот државен метеоролошки центар предвидуваат дека 2023 година ќе биде 10-та последователна година во која глобалните температури ќе бидат најмалку за еден степен Целзиусов повисоки од оние пред луѓето да покренат климатски промени.

Тоа значи дека 2023 година може да биде една од најтоплите години во светот откако постојат официјални мерења. Досега 2016 година е најтопла, според записите кои датираат од 1850 година. Тогаш на Пацификот беше забележан климатскиот феномен Ел Нињо, кој, со трендот на глобално затоплување, ги зголемува глобалните температури, пишува Индепендант.

Професорот Адам Скалфе, водач на долгогодишни предвидувања во Бротанското метеоролошко биро, вели дека идната година можеби ќе биде рекордна по прашањето ан температурата, но дека ќе биде значајна поради зголемувањето на глобалните емисии на стакленички гасови.

Фото: Б. Грданоски

Глобалната температура во 2023 година ќе биде повисока од 2022

Д-р Ник Данстон од Метеоролошкото биро, кој водел прогноза на глобалните температури за 2023 година, вели дека на глобалните температури во последните три години долготрајно влијаел Ел Нињо.

„Ел Нињо има преивремена делотворност врз ладењето на глобалната просечна температура. Но, за следната година нашиот климатски модел укажува на крај на трите последователни години со Ел Нињо и на враќање на релативно топли услови во делови од тропскиоот Пацифик. Оваа промена веројатно ќе доведе до тоа глобалната температура следната година да биде потопла од 2022 година“, рече Данстон, пренесе Индепендент.

Фото: Б.Грданоски

Британското метеоролошко биро прогнозира глобална просечна температура меѓу 1,08 о 1,32 степени Целзиусови, со средна проценка од 1,2 степени над она што било во втората половина од 19 век.

Мината година британските метеоролози предвидоа дека глобалната температура во 2022 година ќе биде меѓу 0,97 и 1,21 степен Целзиусов над прединдустриското ниво, со средна проценка од 1,09 степени Целзиусови.

Податоците за 2022 гдоина до октомври покажуваат дека температурате е околу 1,16 степени Целзиусови над прединдустриското ниво.