Мета: Нема изненадување, надминат планот на социјалистичкото гласање
-Честитки до сите граѓани кои вчера се оддалечија од конфронтација и насилство, со меѓусебно почитување еден кон друг, независно од ставот кон социјалистичкото гласање што го свика премиерот Рама. Албанија избегна стапица за граѓански конфлкт, па искрено им се заблагодарам на сите Албанци дека не се жртви на конфронтативната реторика на неодговорни водачи кои преку поттикнување насилство сакаат да ги сокријат своите скандали и давањето отчет, напиша Мета на Фејсбук.
Тој вчерашното гласање го нарече „социјалистичко“ свикано од премиерот Еди Рама и иронично додава дека треба да измисли ново одликување „Херој на социјалистичко гласање“.
-Што се однесува до надминувањето на планот во социјалистичкото гласање, тука нема никакво изненадување. Сега морам да измислам ново одликување кое верувам со помош на социјалистичкиот парламент ќе биде одобрено, она на „херој на социјалистички гласови“, наведува Мета.
Мета 30 јуни не го призинава како ден на локални избори во земјата, бидејќи откако го одложи овој датум, тој изборите ги презакажа за 13 октомври.